Wednesday, February 4, 2009

Рекордни загуби за Форд

0 comments

Американскиот производител на автомобили Форд соопшти дека годинава ги имал најголемите загуби во својата историја, но дека управата на компанијата одлучила дека сепак нема да бара заем од владата.

Нето загубата во последниот квартал од 2008 година е 5,9 милијарди долари, а во текот на целата година изгубени се рекордни 14,6 милијарди. За разлика од своите конкуренти Џенерал Моторс и Крајслер, Форд сеуште нема побарано помош од американската влада.

Продажбата на Форд во САД во декември минатата година е намалена за 32%, а на Џенерал Моторс за 31% во однос на истиот месец од 2007 година. Форд во 2007 имал загуба од 2,7 милијарди долари, а во 2006 12,6 милијарди.

Управата на компанијата изјави дека нејзиното финансиско одделение Форд Мотор Кредит ќе врачи 1.200 откази, што значи намалување на работната сила за 20%. Но, и покрај загубите, управата на компанијата соопшти дека има "доволно ликвидни средства" да го финансира својот план за реструктурација.

Џенерал Моторс и Крајслер веќе примија милијарди долари итен заем од владата на САД.

Iron 883

0 comments
Постојат мотори и постои Harley-Davidson. Сопствениците на Harley со право на сите останати моторџии гледаат од високо, бидејќи Harley е начин на живот, а сите останати мотори се нашминкани млинчиња за кафе.

Harley-Davidson (HD) произведува мотори цели 105 години и самата традиција е доволна гаранција за квалитетот на овие престижни мотори. Но, економската криза ги погоди и нив, посебно затоа што просечен Harley чини колку и просечен автомобил. За да привлечат нови купувачи, HD извади нов и поефтин модел, Iron 883. Почетната цена на Iron во САД изнесува само 7.899 долари.

Iron 883 има (изненадување) мотор од 883 кубни сантиметри и е наменет првенствено за соло возење. Е сега, доколку сакате да повозите некое маченце, ќе мора да одберете друг модел.

Зимајќи ја во предвид прифатливата цена и малата загуба на вредноста, Iron 883 е мотор за кој сериозно треба да се размисли (се разбира, доколку се палите на вакви работи).

Porsche музеј од 100 милиони

0 comments

Остануваат уште неколку дена до отварањето на музејот на Porsche во Штутгарт вреден 100 милиони евра, а германскиот производител одлучи да ги прикаже првите детали од изложбата.

Музејот на Porsche од архитектонски аспект ќе биде една од најпривлечните згради во Штутгарт. Дизајнот на салата која се простира на 5.600 квадратни метри и лежи на три бетонски столба, па изгледа “како да лебди” е на виенскиот архитект Делуган Мејсл (Delugan Maisssl).

Во Porsche очекуваат повеќе од 200.000 луѓе годишно да ги посетуваат изложените модели чиј број изнесува нешто побвеќе од 80. Некои од поважните експонати ги вклучуваат и мотеделите Type 64 од 1939, Бубата од 1950, Roadster 356 од 1948, Porsche 550 A Spyder од 1956 како и Porsche 959 и Carrera GT.

Официјалното отварање на музејот на Porsche најавено е за среда 28 Јануари, додека првиот ден за посетителите ќе биде 31 јануари, точно четири години откога е избран дизајнот на музејот.

BMW бара помош од државата

0 comments
Пред година дена жареше и палеше на светскиот автомобилски пазар, а денес бара помош од државата. Баварскиот гигант BMW и тоа како ги почувствува последиците од вртоглавиот пад на продажбата предизвикана од рецесијата на водечките светски економии.

Минатата година продажбата на BMW автомобили падна за 4.8%, а оваа година ситуацијата се чини ќе биде уште полоша бидејќи производителот веќе најави дека во февруари и март ќе го скрати работното време на 26.000 работници во 4 погони, со цел да произведе 38.000 автомобили помалку од лани.

Од компанијата предупредуваат дека иако отпуштањето на работници сеуште не е мерка која би ја превзеле, доколку ситуацијата на светските пазари не се промени ќе мора да се одлучат и на подрастичен чекор.

Германскиот Bild Zeitung кон сторијата го придодава сознанието дека баварскиот авто гигант побарал помош од државата и гаранција за рефинансирање на постојните кредити. Од BMW не беа подготвени да ги коментираат сознанијата на германскиот магазин.

Жртви на автомобилската криза

0 comments

И покрај огромните попусти на цените на автомобилите, пристаништата во Англија се заглавени со нови увезени автомобили. Дилерите ги откажуваат нарачките, па еве што се случува...

Хромирани автомобили

0 comments

Врвот на изгледот на еден автомобил. Поради уникатната изработка и цената на бојата, најверојатно уште долго нема да ги видиме овие подвижни огледала на нашите улици. Погледнете ја галеријата.

Се враќа легендата на Citroen

0 comments

Како дел од одбележувањето на 90-годишнината од постоењето, Citroen најави планови за "воскреснување" на проектот за нов DS модел. Французите во наредните денови ќе ги објаснат подетално плановите за новиот автомобил, а премиерата на новиот концепт кој ќе се нарекува DS3 е најавена за женевскиот саем на автомобили во март.

Овој автомобил во сериско издание на европскиот пазар би требало да се појави веќе наредната година. Ќе го следи модел од ниската средна класа DS4 кој ќе се појави во 2011, а истата година низ салоните ќе може да се види и лимузина од повисоката средна класа DS5.

Новата серија на DS возила ќе биде позиционирана над сестринските модели C3, C4 и C5, што значи дека ќе има многу поатрактивен дизајн и побогата опрема.

Followers

 

Servers. Copyright 2008 All Rights Reserved Revolution Two Church theme by Brian Gardner Converted into Blogger Template by Bloganol dot com